Силен ветер од западен и југозападен правец дува во западните планински делови. На моменти ветерот достигнува брзина до 100 километри на час, соопшти УХМР.
Најниски температури во државата утрово од нула степени Целзиусови се измерени во Скопје – Петровец и во Струмица, а најмногу дожд, пак, наврнал во Маврово – 8 литри на метар квадратен, односно во Лазарополе 7 литри на метар квадратен.