Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди префектурата Мијазаки и други области во југозападниот дел на Јапонија.

Земјотресот е регистрирани во 10:25 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на источниот брег на полуостровот Охсуми на југозападниот главен остров Кјушу на длабочина од 39 километри, јавија јапонските медиуми.

Нема предупредување за опасност од цунами, а засега нема информации за жртви или материјална штета.