Земјотрес со јачина од шест степени по Рихтеровата скала, е еден од најсилните кој е забележен во Австралија а кој го погодил југоистокот на земјата. Во Мелбурн се оштетени згради, а потресот се почувствувал и во соседните сојузни држави како Јужна Австралија и Нов Јужен Велс, пренесува РТС.
Епицентарот бил во Менсфилд, околу 200 километри североисточно од Мелбурн, главниот град на државата Викторија и бил на длабочина од 10 километри.
Забележани се и два дополнителни потреси со магнитуда од 4,0 и 3,1 степени по Рихтер.
Ово е еден од најсилните земјотреси во Австралија последните години. Според првите информации не е причинета сериозна штета и нема повредени, што потврди и австралискиот премиер Скот Морисон.