Бугарија денеска ја погоди силен земјотрес.
Магнитудата на земјотресот е 4,6 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е регистриран во 14.46 часот по наше време, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 146 километри од Софија, односно на 15 километри од Пловдив.
Земјотресот е почувствуван и во Грција.
„Тресењето беше силно, но не траеше долго“, велат граѓаните на Бугарија.
Да потсетиме, Романија вчера ја потресе силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Ритер.
Епицентарот бил во Арад, а бил почувствуван и во Србија, Хрватска и Унгарија.