Малку по 10 часот утрото во Босна и Херцеговина е регистриран уште еден силен потрес кој се почувствувал во областите на поголемите градови, како Сараево и Мостар, но бил значително почувствуван и од населнието во Далмација.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) објави дека во 10,19 часто земојотрес со магнитуда од 5,8 степени по Рихтер ја погодил БиХ. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри крај Невесиње, 74 километри јужно од Сараево.
Вознемирените жители на босанските градови истрчале на улиците. Четириесетина минути по порвиот подземен удар, следел уште еден со магнитуда од 3,3 но на длабочина од само два километра.
Серијата земјотреси во регионот започна неколку минути пред 4 часот утртото кога земјотрес со јачина од 6,4 според Рихтер го погоди јадранското крајбрежје на Албанија. Во истата област следеа и потреси со магнитудо до 5,1 и 5,3, па во 7,10 часот уште еден со јачина од 5,4 степени.