Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди централна Турција, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран на 62 километри од Адијаман.

Земјотресот е регистриран на длабочина од пет километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.