Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди во петокот Мауле, Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 100 километри, објави ЕМСЦ.
Земјотресот бил почувствуван во централните и северните делови на Чиле, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго.
Засега нема информации за евентуална поголема штета или жртви. Исто така не е издадено предупредување за цунами.