
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на источниот брег на Тајван.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на крајбрежниот град Хуалијен, на длабочина од 15,4 километри.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.
Земјотресите на Тајван се честа појава бидејќи островот се наоѓа во близина на пресекот на две тектонски плочи.