Силен земјотрес го стресе Истанбул

Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени по Рихтер го погоди во четвртокто западот на Турција, соопшти Европскиот медитренски сеизмолошки центар (EMSC).

Потресот чиј епицентар бил во Мраморното Моред јужно од Силиври, на околу 70 километри западно од Истанбул предизвикал паника меѓу градски жителите на турскиот мегалополис.

Според турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојб (AFAD), епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6,99 километри а го погодил Истанбул во 13,59 часот по локално време.

Очевидци кажуваат дека зградите силно се треселе, но досега нема пријавено материјални штети или повредени. Потресот бил силно почувствуван и во соседните провинции.