Силен земјотрес на Филипини

Силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала го погоди јужниот филипински остров Минданао, соопшти Европско Средоземниот сеизмолошки центар.

Земјотресот на длабочина од 10 километри е регистриран во 13.40 часаот по Гринич.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета.