Силен земјотрес на северот на Хрватска-„Како да експлодира бомба, а потоа се тресеше“

Сеизмолошката служба на Хрватска соопшти дека денеска наутро во 8:43 часот е регистриран силен земјотрес на 17 километри северно од Крижевци, гратче во Северна Хрватска, објави Дневник.хр.

Магнитудата на земјотресот била 4,0 степени според Рихтеровата скала. Потресот се почувствувал во поширокото подрачје на Северна Хрватска.

Првиот земјотрес го регистрира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), кој соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала. Подоцна ја коригира магнитудата на 4,1, а на крајот ја намали на 3,9 степени. Епицентарот на земјотресот е на длабочина од десет километри.

https://twitter.com/LastQuake/status/1823249180409659559

„Како да експлодира бомба, а потоа се тресеше“.

„Ужасно чувство, згрми и се тресеше целата куќа, тоа траеше неколку секунди“,ова се дел од коментарите на профилот на ЕМСЦ на социјалната мрежа Икс.

За кратко време ЕМСЦ доби стотици коментари од граѓани на Хрватска кои споделуваа дека почувствувале земјотрес.

Досега нема информации за предизвикана штета.