2.8 C
Skopje
недела, декември 15, 2024

Силен земјотрес поладнево во БиХ: Се тресеа зградите во Тузла и околината

Босна и Херцеговина попладнево ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Според првите информации од веб-страницата на ЕМСЦ, епицентарот бил на 17 километри од Тузла, односно 13 километри од Лукавац.

– На четврти кат сме во центарот на Тузла! Многу се тресеше – вели еден корисник во коментар на веб-страницата на EMSC.

https://twitter.com/LastQuake/status/1659583520103182342?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1659583773149724672%7Ctwgr%5E16a9d96a31f925e943c9e3f86b3f8c3b0c8f3d1a%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fsilen-zemjotres-vo-bih-se-tresea-zgradite-vo-tuzla-i-okolinata%2Fa582953

Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.