![zemjotres magnituda](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/zemjotres-magnituda.jpg?resize=696%2C377&ssl=1)
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Погодено е подрачјето во близина на брегот на регионот Ајсен, а земјотресот е регистриран во 08:38 часот по локално време, на длабочина од 35 километри и 608 километри јужно од Пуерто Монт.
Засега нема информации за повредени лица или настанати штети.