Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ги разбуди граѓаните на Албанија утринава, а според информациите досега земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора.
Земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути, со епицентар на 28 километри северно од Драч или 39 километри од Тирана . Јачината на земјотресот во жариштето беше 4,4 единици од Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од V-VI степени од меркалиевата скала, пренесува порталот РТЦГ.
Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема пријавено материјална штета од истиот.