Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Крит. Земјотресот е регистриран на 60 километри североисточно од Ираклион.
Потресот се случил во 07:24 часот по локално време, на длабочина од 14 километри.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.