Силен земјотрес утрово во Сицилија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Сицилија.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 243 километри, а епицентарот бил на 12 километри северно од Липари и 67 километри западно од Месина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Засега нема информации за материјална штета.