Силен земјотрес во Индонезија, има и загинати

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер денеска ја погоди Индонезија. Според првичните информации на локалните власти во земјотресот загинале повеќе лица.

Потресот оштетил неколку згради,во градот Амбон е оштетена зградата на Универзитетот, како и мостот пренесе АП.
Претставник на локалната влас за медиумите изјавил дека при потресот и уривањето на зградата на Исламскиот универзитет загинала професорка.
Епицентарот на земјотресот бил 37 километри североисточно од градот Амбон на длабочина од 29 километри.
Земјотресот се случил во 8-46 часот по локално време.