Силен земјотрес ја погоди Кина

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Кина.

Земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри со епицентар од околу 131 километар северозападно од Синин, во провинцијата Чинхај.

Засега нема податоци за евентуални жртви или за причинета материјална штета.