Силен земјотрес ја потресе Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала го потресе северниот дел на Аргентина, јави „Интерфакс“. Земјотресот беше регистриран на 194 километри западно од градот Ла Риоха.

Според интензитетот во епицентарот на потресот, земјотресот беше оценето како катастрофален.

Се’ уште нема официјални податоци за жртви и причинетата материјална штета.