Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Албанија.
Според Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 17 километри југозападно од Ѓирокастро, на длабочина од два километра.
Засега нема информации за евентуално повредени лица и причинета материјална штета.
Од утрово се тресат и Грција и Турција и Италија.