Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бања Лука, Република Српска. Потесот бил почувствуван и во Хрватска се до Сисак, Кутина и Пожега, јавува „Јутарњи лист“.
Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска ноќеска забележале во 1,03 часот силен потрес со епицентар дваесетина километри северозападно од Бања Лука, во западниот дел од планината Козара во Босна и Херцеговина.
Магнитудата на потресот била 4,1 според Рихтер, а интензитетот на епицентарот бил VI степени според МЦС скалата.
Нема информации за предизвикана материјална штета или повредени.