Земјотрес со јачина од 5, 2 степени по Рихтеровата скала денес околу 4. 10 часот ја погоди Грција, соопшти американскиот Геолошки завод, пренесува Танјуг.
Епицентарот на земјотресот е 83 километри северно од Атина, недалеку од градот Малесина, во заливот Северна Евиа, во морското подрачје помеѓу островот Евиа и копнениот дел на Грција, на длабочина од 5, 8 километри.
Потресите траеле неколку секунди, а голем број жители на Атина излегле на улиците.
За сега нема податоци за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.