Силен земјотрес ја затресе Струмица и околината, околу 11. 30 часот утрово. Според кажувањата на локалните жители земјотресот траел околу 15 минути.
Епицентарот на земјотресот не е во Македонија, туку станува збор за голем земјотрес кој е регистриран и во Грција и во Турција.
Според Евро-медитеранскиот сеиозмолошки центар, епицентарот бил во Егејското море, а јачината е 6.7 степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема никакви информации за евентуални штети или за повредени.