Силите на НАТО распоредени на косовскиот премин Јариње

Силите на меѓународната мисија КФОР која во Косово е под покровителство на НАТО, се распоредени на пременот Јариње на административната граните поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија и централна Србија, објави порталот kosovo-online.

Пропадници од контингентите на САД, Канада и Полска од КФОР, според порталот пристинале на Јариње, со сѐ уште нејасни намери. Засега не е познато дали силите на НАТО се дојдени да ги заменат нелегалните специјални сили на властите во Приштина на контролниот пункт или, пак, имаат намера да ги убедат косовските Срби да ги растурат барикадите поставени минатата седмица.

„КФОР внимателно ја следи ситуацијата во Косвоо и е фокусиран на примената на својот мандат за обезбедување сигурна и безбедна средина и слобода на движењето за сите заедници кои живеат на Косово, врз основа на Резолуцијата 1244 на ОН. КФОР го зголеми бројот и времетраењето на редовните патроли во Косово, вклучителнио и на северот на Косово“, изјавиле од мисијата на НАТО.

Претходно во неделата рускиот амбасадот во Белград, Александр Боцан-Харченко и военото аташе генерал-мајорото Алекандр Зинченко заедно со српскиот министер за одбрана Небојшта Стефановиќ и началникот на српскиот Генералштаб, Милан Моисиловиќ, извршија смотра и инспекција на единиците на српските вооружени сили лоцирани во непосредна близина на административната линија на раздвојување. Амбасадорот Боцан-Харченко потоа изјави дека српските сили во текот на ескалацијата на ситуацијата на премините се држеле „одговорно и воздржано“.

Веднаш подоцна, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги контактираше челниците во Белград и во Приштина, предупредувајќи ги дека силите на НАТО на Косово го задржуваат својот мандат за одржуивање на редот во областа. Со слична изјава во неделата се огласи и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.