Ние сме во моментот разочарани, понижени, навредени, но длабоко мотивирани во својата борба и мирни. Зошто мирни? Зошто веруваме во Македонија. Тие, пак, се вознемирени, зошто во химната ја нема Северна! Нивната Северна, Прличев вака би ја опишал: ‘Пискотници се слушаат од Галичник до Река,/ Што тешка несреќа ги збра и мажите и жените/ Та гласи тажна ека и навива салкоп и зла“, рече во понеделникот вечерта Гордана Силјановска Давкова во Охрид од каде што ја започна кампањата за претседателските избори како кандидат на опозицијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсети дека актуелната власт ветуваше еформи, владеење на правото, економски просперитет, стручна и компетентна администрација, независно судство, борба со корупцијата, велеа нулта корупција, и запрша а со што сега се соочени граѓаните и земјата.
„Со хибриден режим, со авторитарен систем, со вредносен морален политички и економски регрес, наместо парламент, имаме едногласно комунистичко собрание. Наместо правосудство кривосудство, реваншизам и селективна правда. Замислете во една од најсиромашните земји за повеќе од 2 и пол години дури 26 министри ништо не сторија, единствената реформа е Преспанскиот договор и промената на името“, рече Силјановска Давкова.
Рече дека таа не е против договори, но посочи дека во секој договор има две страни кои треба да бидат рамноправни, но и оти, како што истакна опозицциската кандидатка за шеф на државата, алудирајќи на договорот со Грција со кој беше сменето уставното име на земјата – едната е Хеленската република, другата е безимена.
„Нашиот устав вели дека меѓународните договори ги склучува Претседателот во името на Република Македонија. Го заборавија уставот, заборавија дека министерот за надворешни работи не е овластен да потпишува промена на името. Преспанскиот договор е надвор од задолжителното меѓународно право, но и од националното право, ние пак велиме дека сме за право, правда и морал“, рече Силјановска Давкова.
Го постави прашањето што треба да се прави во таквата ситуација и водено го даде одговорот дека со победа на изборите ќе се делигитимира актуелната власт и ќе се отвори патот за предвремени парламентарни избори.
„Треба да победиме на претседателските избори за да ја делегитимираме власта и се што стори за овие две и пол години, треба да отвориме пат за предвремени парламентарни избори, за ново парламентарно мнозинство што ќе води сметка за Копенхагеншките критериуми оти не се оди во Европа само со договор“, порача претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ/
Потсети дека деновите веројатниот победник на претстојните избори во соседна Грција, опозицискиот челник Киријакос Мицотакис порачува дека неговата земја ќе го блокира македонското придружување на Европската унија и запраша што тогаш станало со промената на уставното име на Република Македонија.
„Ако се правото и правдата на нашата страна, а така е, тогаш мислам дека и победата на овие избори ќе биде на наша страна. Ме прашуваат зошто велам дека името е отворено прашање, затоа што во 21-от век тажно е повторно замислете да се отвора Македонското прашање. Не велам дека ако ме изберете веднаш ќе го сменам името, тоа е невозможно. Но, сигурна сум дека ова име ниту има корен, ниту може да има иднина, секоја генерација има право на сој устав, така ги учам студентите, се повикувам на Русо, се повикувам на Џеферсон, се повикувам на колегата од Грција, Венизелос и велам Уставот е процес, не е состојба, значи ќе дојде одговорен претседател, претседател од народот, за народот и со народот“, рече Силјановска Давкова.
Порача дека многу наскоро ќе имаме одговорен парламент, кој ќе ја почитува опозицијата и државнички ќе се однесува кон најважните прашања, како и дека ќе има нов состав на Уставниот суд кој ќе го брани Уставот со знаење и морал.
„Тогаш ние еден ден со една уставна промена важна ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост. Нивната филозофија е кажувам, заборавам, негирам. Нашата филозофија ќе биде и е: кажувам, помнам, почитувам! Зошто? Зошто и на почеток се вели дека беше речта зборот, а претседател не може да биде некој кој нема збор, кој не си го почитува зборот. Тој не ја заслужува вашата доверба“, рече Силјановска Давкова.
Вети дека ќе биде претседател кој ќе го почитува уставот и законот, дека во меѓународната политика ќе води економска дипломатија, културна дипломатија, научна дипломатија, спортска дипломатија, кои се многу помоќни од традиционалната дипломатија.
.„Ама за ваква дипломатија се потребни квалификувани луѓе, а не импровизатори. Сликата за нас во светот, не секогаш е убава. Зошто? Зошто во огледалото го гледаат оној кој ја претставува Македонија, ако тој не ја претставува вистинската Македонија, јас како претседател ќе го отповикам“, порача таа.
Силјановска Давкова рече и дека како шеф на државата ќе го кориси правото на ветото секогаш кога ќе станува збор за неуставни закони, а не за демонстрира моќ и црврстина, туку за да предупреди на Уставот и законите.
„Се разбира ќе ги аргументирам своите ставови и ако не ги почитуваат, ќе побарам да се обратам пред собранието, односно пред Вас за да видите дека не сум над Уставот, дека и тие не смеат да го кршат Уставот“, рече претседаталската кандидатка на опозицијата
Силјановска Давкова, во продолжение накусо ги претстави својата програма и своите заложби меѓу кои ги апострофираше прашањето на иселувањето на младите, прашањата на лицата со посебни потрени, екологијата.
„Судиите во Уставниот суд кои имам право да ги предлагам двајца, членовите на Советот за безбедност со кои ќе прецедавам ќе бидат олицетворение на знаење, на стручност и компетентност. Само тие и такви органи можат да ја европејзираат Македонија“, рече Силјановска Давкова зборувајќи за правосудниот систем.
Кога станува збор за другите сфери за кои има овластувања претседателот на државата, Силјановска рече дека во надворешната, безбедносната политика и во одбраната ќе води сметка за заедничката надлежност.
„За мене кохабитацијата не е болест, туку е здрава техника на вежбање демократија. Тоа ќе го практикувам. Се разбира консензусот е тогаш потребен и нужен, но доколку моите предлози, моите стратегии не наидат на прифаќање, тогаш се разбира дека ќе го информирам за тоа собранието, односно вас граѓаните…“, рече Силјановска Давкова и вети дека нејзиниот кабинет ќе биде секогаш отворен за граѓаните