Кандидатот за претседател на Република Македонија професорката Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Битола.
Пред присутните Силјановска Давкова посочи дека Битола е многу убав град, град на конзулите, но иако и таму ветуваа живот, актуелната власт не донела живот, нагласувајќи дека Битола е еден од најзагадените градови во Македонија.
Битола е еден од најзагадените градови во Македонија. Очекуваше, а живот нема во загаден живот и загадена атмосфера. Како што воздухот ни е загаден, загадена е и политиката, рече таа.
Силјановска Давкова ја искоментира и посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој што пред неколку дена беше во Македонија и каде што беше пречекан без интонирање на македонската химна, истакнувајќи дека химната на Македонија е всушност македонската историја и се она за што се бореле нашите предци.
Химната е државата. Државата е химната, химната е македонската историја, химната повикува на македонските правдини и судбина ни било да се бориме за неа, вели Силјановска Давкова.
Ги коментираше пресудите за настаните од 27-ми април додавајќи дека во Македонија има селективна правда и дека со таква правда не се стигнува до Европската унија и до НАТО.
-Тие со нивниот закон за амнестија, ги амнестираа оние кои имаа ист обвиненија како луѓето кои останаа во затворот. Не само што ги ослободија од притвор, замислете за да можат да гласаат туку целосно ги ослободија, а потоа и ги наградија. Тоа ли е право и правда. Не, тие така мислат, но јас мислам дека до било која цел па и до ЕУ и до НАТО не се стигнува со кршење на правото, рече таа.
Силјановска Давкова кажа дека доколку биде избрана за претседателка на Република Македонија ќе побара укинување на привилегиите на претседателот, односно како што рече таа не е добро да се биде привилегиран кога народот се бори за опстанок.
Потсети на изјавите на Заев дека доколку Стево Пендаровски ги изгубат претседателските избори ќе распише предвремени парламентарни избори.
Доколку ги изгубат претседателските избори, се надевам дека ќе собере сила и храброст еднаш за да можеме ние да кажеме дека е овој пат го одржа зборот и реши да се одважи и да распише предвремени парламентарни избори и дека тогаш на претседателската успешна приказна ќе се надоврзе и една нова влада, на нова програма, на научени лекции, на нови европски чекори кои ќе значат почитување на владеењето на правото, борба со корупцијата и криминалот, развој во економијата, објасни Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова уште еднаш потсети дека меѓународните договори во името на државата ги склучува претседателот на републиката, а владата само тогаш кога тоа е утврдено во законот за склучување, ратификација и спроведување на меѓународните договори.
Пповика на масовна поддршка на претседателските избори ветувајќи дека ќе ја врати правдата во Република Македонија.
Јас сум за правда за правдини, за поинакво владеење , за добро управување. Јас сум за Европска Македонија, заврши Силјановска Давкова.