Силјановска Давкова: Името на земјата е неразделен дел од државниот субјективитет

Името на една држава во меѓународното право е неразделив дел од државно-правниот субјективитет, посочи професорката Гордана Силјановска Давкова во текот на претседателската дебата на телевизија Телма емитувана во четвртокот вечерта.

Кандидаткта за шеф на државата поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека правото на самоопределување го вклучува во себе правото на самоопределување.

„Во меѓународното право името е неразделив дел од државно-правниот субјективитет. И правото на самоопределување е загарантирано во актот за заштита, конвенцијата за заштита на граѓанските и политичките права, токму го потенцира тој елемент, така името, правото на самоопределување во себе вклучува право на име, на знаме, на химна, Устав. Впрочем и во 2011 година во Хаг ова беше потенцирано најјасно од судијата Крафорт, дека никој не може на една земја какво име ќе има, какво знаме ќе има и го даде примерот дури со Литванија дека и полската химна почнува со О’ Литванијо, па нема никаков проблем“, рече Силјановска Давкова.

Претходно Силјановска Давкова посочи и дека секоја власт се заканува да корумпира, и оти доколку сите три власти се најдат во една партија или коалиција ќе се институционализир партитократијата.

„Кога ме прашувате за нашите реалиции со лидерите, крајно невообичаено е да учествуваат во кампања за претседател премиерот и министрите, тие ја претставуваат државата. Премиерот е и мој премиер, и треба сите да се однесуваат технички“, рече Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ во текот на првата телевизиска дебата со останатите двајца кандидати Стево Пендаровски и Блерим Река.

Посочи и дека учеството на медиумите кога во својство на премиер се зборува во полза за кандидат се крши етичкиот кодекст на Венецијанската комисија.

„Премиерот на средбите не доаѓа со лична кола, а и на медиуми зборува и како премиер, рече Силјановска укажувајќи „премиерот и министрите користат јавен пристор да го промовираат својот кандидат“, рече Силјановска Давкова.