Сиљановска Давкова: Мора да ставиме крај на разградувањето на моралните и политички вредности

Ви благодарам што како химната на Македонија не се предавате и се борите за нашите правдини. Ние сме мирни. Тие се вознемирени зошто во химната ја нема Северна. Ветуваа реформи, владеење на правото економски просперитет, независно судство борба со корупцијата. Но денес сме соочени со хибриден режим и со вредносен морален и политички регрес. Наместо парламент имаме едногласно комунистичко собрание. Наместо правосудство, имаме кривосудство реваншизам и селективна правда.