Силјановска Давкова: На изборите победи „партитократијата“, а не демократијата

Во Македонија денеска на изборите победи партитократијата, а не демократијата, а исходот ја делегитимира актуелната власт и треба сериозно да се размислува за предвремени парламентарни избори, рече во неделата вечерта Гордана Силјановска Давкова и истакан дека иако исходот од гласањето покажува изборен пораз таа се чувствува спокојно и им се заблагодари на големиот број граѓани кои гласале за неа како опозициски кандидат.

„Заврши изборната трка, изборната сага, невообичаена за мене и чудно се чувствувам, бројките говорат за пораз, обично поразените не се чувствуваат добро, но јас никогаш не сум се чувствувала по смирено, побогато, исполнето, попродуховено“, рече Силјановска Давкова.

Се заблагодари притоа на сите кои верувале дека таа, која не е член на партијата која ја номинираше ВМРО-ДПМНЕ, може толку многу да се зближи Унијата на жените, членовите, коалиционите партнери, симпатизерите, ама најмногу со граѓаните,

Ние жените обично забележува се кај другите жени, па јас во последно време слушам дека сум се подмладила и дека сум изгледала поинакво од првите денови на моите настапи, погодувате зошто? Токму заради граѓаните, јас и не знаев дека директните средби со нив ќе можев да помогнам во градењето на демократија во Македонија која ја нема и добив невидено разбирање, енергија, дијалог кој ми говореше дека она што го кажувам допира до нив, не само до нивниот ум туку и до нивните срца, и верувале или не тоа ме подмлади, јас сум им благодарна за тоа, додава Силјановска.

Потенцираше дека денешниов дени личел Вивалди, четирите годишни времиња.

Признавам си мислев дека утрото почна со дожд, немаше многу светлина и наликуваше на зимско, но дека на крајот ќе помине низ сите годишни времиња и ќе заврши како пролет. Претпоставувам дека заврши како пролет за другите, за победниците, но воопшто за мене не е зима. Верувале или не ама да добиете речиси 370 илјади гласови е голема благодарност, а згора да станете позната по улиците како Гога, тоа е нешто што е ново во политиката во Македонија, а да не говорам дека за две недели да добиете речиси 50 илјади гласови разговарајќи со различни групи на луѓе навистина е голема инспирација за мене, затоа велам дека вечерва знам дека Вардар победи и знам дека победи против кандидатот, но не мислам дека јас како поединец и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ја загубив битката, рече Силјановска.

Таа нагласи оти е доволно што го признала поразот и оти после се што се случувало на дебатите во текот на кампањата не треба од неа да се очекува со восхит да му се обрати. Нагласува дека не станува збор за недостиг на политичка култура и оти во Македонија сѐ уште владее поданичка култура.

Како успех го означи тоа што на изборите освоила 375.000 гласови. За тоа изрази голема благодарност и додаде дека не била мала работа за две недели меѓу двата изборни круга да добие плус 50.000 гласови. Истакна дека е свесна оти победил противкандидатот, но не се чувствува дека таа како личност нешто загубила.

Силјановска по првичните резултати говореше за политичката состојба во Македонија, нагласувајќи дека според неа политиката во Македонија сѐ уште не е уметност. Политиката во Македонија, според Силјановска, е во рацете на политичките партии. Додаде дека партиите одлучуваат најмногу и пред сѐ како ќе отидат гласовите, а не самите граѓани.

Дали овој резултат води кон помирување и означува поделби во државата по повеќе основи, рече Силјановска и додаде по овие избори ништо повеќе нема да биде исто во земјава и дека зборовите кои биле искажани во телевизиските дебати ќе останат како водилки за позицијата, но и за опозицијата.

Повторно се осврна на името и отворено кажа дека новото име Република Северна Македонија не ѝ се допаѓа, но додаде дека тоа име не им се допаднало на граѓаните и не го поддржале на референдумот. Истакна и дека постои можност новото име наместо да интегрира да направи нови поделби во Македонија, на оние на кои не им се допаѓа и на оние на кои им се допаѓа.

Според Силјановска, на овие претседателски избори победила партитократијата наместо демократијата. Уште додаде дека смета дека резултатите од изборите говорат за делигитимирање на оваа власт и нагласи оти сериозно треба да се размислува за предвремени парламентарни избори.