Силјановска Давкова од Чаир: Граѓаните се мудри и знаат да направат вистински избор и да ја одберат вистинската странa

Граѓаните на Република Македонија се мудри и знаат да направат вистински избор и да ја одберат вистинската страна на вториот круг од претседателските избор во недела на 5-ти мај, порача од скопската општина Чаир во четвртокот, кандидатката на опозицијата Гордана Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните на општина Чаир при што им се заблагодари за нивната поддршка во првиот круг од претседателските избори и побара уште помасовна поддршка во вториот круг.

Силјановска Давкова пред граѓаните посочи дека доколку победи на изборите ќе ја донесе правдата во Република Македонија, потенцирајќи дека таа ќе биде жена претседател на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба.

Нагласи дека не сака да прави пазар со гласовите на граѓаните, бидејќи таа не сака да тргува со гласовите на граѓаните, односно како што рече таа е секогаш со народот и работи во нивен интерес, а се друго претставува пазар што според нејзе претставува навреда кон граѓаните.

Силјановска Давкова додаде дека сѐ она што ветила пред граѓаните ќе го исполни, алудирајќи дека граѓаните на Република Македонија се мудри и знаат да направат вистински избор и да ја одберат вистинската страна на 5-ти мај.