Силјановска Давкова: Правичната застапеност не смее да биде само по етнички критериум

Правичната и соодветна застапеност не смее да се однесува само на етничкиот критериум, туку и на лицата со попреченост и родовиот критеруим, рече професорката Гордана Силјановска Давкова во текот на претседателската дебата на телевизија Алсат

Силјановска притоа посочи дека токму таа во својот кабинет на правниот факултет Јустинијан Први се погрижила за правичната застапеност каде нејзиниот асистент е етнички Албанец, Денис Прешова.

Јас за правичноста и соодветна застапеност сум се погрижила да ја примена прво на мојата катедра. Но не само раководена од припадноста етничка туку покрај стручноста и компетентноста зад себе ќе оставам и подобар професор. Сите знаат кој е не сакам да го споменувам. Второ правичната и соодветна застапеност е темелна вредност на уставниот поредок, истакна Силјановска Давкова.

Но она што не постои во Македонија, посочи Силјановска Давкова е закон за соодветна застапеност.

Не можете директно да применувате во практиката темелна вредност на уставниот поредок. Значи ако нема департизација и деполитизација, правичната и соодветна застапеност ќе биде узурпирана од партиските лидери. И тогаш ниту најдобрите Албанци, ниту најдобрите Македонци ќе бидат на најдобрите позиции. По мене правичната и соодветна застапеност не смее и не може во форма на афирмативна акција да се однесува само на етничкиот критериум. Тоа е забрането во САД. Мора да се однесува и на лицата со посебни потреби, мора да се однесува и на родовата застапеност, рече Силјановска Давкова.