Силјановска Давкова: Секогаш кога ќе можам ќе го избегнувам „северна“

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на Телма на прашањето дали ќе го применува Договорот од Преспа и ќе го употребува новото име, одговори потврдно.

-Се разбира, бидејќи тој стана дел од Уставот. Но, во примената има разлика. Ќе ги почитувам натписите на името на државата на институциите. Да, ќе го применувам, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија. Впрочем, и во членот 7, став 2 стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско“, рече Сиљановска Давкова.

Претходно Давкова рече дека таа води двојна кампања: граѓанска и партиска.

„Јас сум непартиски кандидат. Имам и граѓански штаб. Јасно е дека не можете да победите ако не сте поддржани од голема партија. Во конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ стоеше дека не треба и не мора да ги прифаќате политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Силјановска Давкова.