6.8 C
Skopje
вторник, октомври 1, 2024

Силјановска Давкова: Според Уставот, меѓународните договори ги потпишува претседателот во име на Република Македонија

Ќе ве излажам ако кажам дека ако станам претседателка дека ќе поништам и ќе укинам. Нема претседателот таква надлежност, истакна кандидатот за шеф на државата предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Но, таква надлежност имаат меѓународните судови, има Комитетот за човекови права во ОН. Кога е во прашање повредата на Виенската конвенција, тогаш во било кој суд во светот, ако се работи за акт или закон или документ што произлегува од договор кој што е ништовен, значи прекршување на меѓународното право, може да се поништи. Што може да биде основот? Правото на самоопределување бидејќи тоа не застарува и е задолжителна меѓународна правна норма. Еднаквоста на страните, ние сме безимени во договорот. Како може договор меѓу две држави, а не знаете која е едната држава. Згора во нашиот Устав пишува дека меѓународните договори ги склучува претседателот во име на Република Македонија, а не во име на втора безимена страна. Тоа е важно да се има предвид и повредата на политичките и културните права, истакна Силјановска Давкова.

Таа истакна дека доаѓањето на друга партија или коалиција на власт, ќе создаде поинаков амбиент за да може сево ова да се реализира.