Единствената филозофија, европска и демократска, е владеење на правото, право и правда, европски стандарди тоа е и филозофијата на мојата програма, вели професорката Гордана Силјановска Давкова на претседателската дебата на МРТВ.
Таа вели дека ќе се обиде да ги разубеди и да одговори на дилемите на оние кои не излегоа на првиот изборен круг, да ги убеди дека вреди да се излезе и да ги убеди дека таа ќе биде жената, претседателката која низ женска призма и низ женски речник ќе се обиде на поинаков начин да ги решава проблемите во оваа држава врзани за односите на трите власти.
Ќе се обидам да ги разубедам дека за право никогаш нема да преговарам, дека само ќе го спроведувам, ќе се обидам да ги убедам, да дополнам или да допрецизирам делови од програмата, врзани за опасната закана за екологијата во Македонија, значи ќе си останам своја, вели Силјановска Давкова кандидат за претседател на вечерашната телевизиската дебата.