
Според најновата анкета на агенција М-проспект изготвена за МТВ, а спроведена во период од 22-26 април на бројка од 960 испитаници на македонски и на албански јазик, Гордана Силјановска Давкова води пред Стево Пендаровски со 14%.
Имено според анкетата на М-проспект Гордна Силјановска Давкова ужива поддршка кај 39.6% од македонците, за разлика од Стево Пендаровски кој има поддршка кај само 25.7% од гласачите.
Ваквото водство на Силјановска се должи на стабилниот настап, јасноста во ставовите, борбата за право и правда, елементи кои ги прикажува како нужни за функционирањето на државата и владеењето на правото.