Наставата во школите и работата на институциите во Манила денеска се прекинати поради поплавите предизвикани од силното невреме на северот на Филипините.
Две лица загинаа во невреме во градот Нага додека илјадници луѓе беа предупредени да се подготват за евакуација.
Тропската бура Јаги денеска донесе ветрови со брзина од 115 километри на час североисточно од градот Инфанта во провинцијата Кезон. Невремето се движи кон регионот Лузон каде властите предупредија на можни поројни поплави и лизгање на земјиште.
Морскиот сообраќај е привремено прекинат во неколку пристаништа погодени од невремето, додека десетици летови на домашни линии се прекинати поради невремето.