Во северозападниот дел на Франција без елетрична енергија се околу 70.000 семејства откако земјата беше зафатена од бурата „Кумеира“, а во исто време поради поплавите во крајбрежниот регион на Бретања е прогласен највисок „црвен степен“ на тревога.
Западниот дел од Франција, посебно регионот Бретања, пред три дена беше зафатен од бурата „Петра“, поради што без електрична енергија останаа околу 40.000 домаќинства. Невремето, кое што ја зафати баскиската област на француската граница со Шпанија предизвика големи бранови, силни ветришта и поројни дождови.
Пред неколку дена еден шпански товарен брод во невремето удрил во камен ѕид во француското пристаниште Баојн и се преполовил.
Во Шпанија ветрот, кој што дувал со брзина од 130 километри на час, предизвикал бранови високи осум метри и штета од над милион евра.
Невреме ја погоди и Велика Британија, која ја ангажирала морнарицата да помогне во санирање на штетите од разорните поплави какви што не биле запаметени во последните 250 години.
Владата на премиерот Дејвид Камерон претрпела големи критики поради слабата ефикасност во текот на поплавите.