Силна бура во Пекинг однесе најмалку 11 животи

Најмалку 11 луѓе ги загубија животите а уште 27 други се водат како исчезнати, откако обилни врнежи го погодија Пекинг во вторникот, а на помош на погоденото население му дојде и кинеската војска.

Воените хеликоптери се кренати за достава на неопходните продукти на патниците заробени во возовите, откако силната бура ја опустоши кинеската престолнина.

Бурата Доксури со моќност на супертајфун прво ги погодини Филипини, а во петокот продолжи северно кон Кина и ја погодини кинеската јужна покраина Фуџијан од каде се евакуирани повеќе стотици илјади луѓе.

Обилните врнежи го погодија Пекинг и околината од саботата, а количеството врнежи за само 40 часа го достигна количеството кое беше забележано за целиот јули. Во вторникот државната кинеска телевизија CCTV извести дека „во обилните дождоци загинаа најмалку 11 луѓе, а 27 се водат како исчезнати“.

Воена единица од 26 војници и четири хеликоптери учествуваат во доставување на пакетите со храна и други продукти на патниците заробени на и околу железничката станица во пекиншкиот кварт Ментугу. Околу 150.000 жители од овој кварт останаа без вода за пиење, која сега им се доставува со цистерни.

Изминатата ноќ кон вторникот беше прогласена тревога не само за Пекинг, туку и за соседната покраина Хебеи. Метеоролозите предупредуваат на поплави и можни одрони на земјиштето, а градските власти активирале резервоар за контрола на поплавите, првпат од 1998 година кога е и изграден

Кина летово се соочува со екстремни временски услови кои некои научници поттикнати од политичарите ги припишуваат на климатските промени предизвикани од човекот. Предупредуваат дека силните врнежи може да предизвикаат уште поголеми поплави од оние во јулу 2012 година, кога загинаа 79 луѓе.

Меѓутоа, кинеската метеоролошка управа прогнозира дека Доксури ќе биде послаб од тајфунот Меранти од 2016 година, најжестоката бура којашто го погодила кинеското крајбрежје по 1949 година и усмрти 11 луѓе.

А додека прогнозите говорат за слабеење на Доксури, се приближува друг тајфун Ханун кој госто населеното крајбрежно подрачје на Кина може да го погоди подоцна седмицава. Властите стравуваат дека Ханун би можел да им нанесе дополнителни штети на посевите, особено на пченката.