Силна експлозија близу седиштетот на НАТО во Кабул

Автомобил бомба експлодирал во четвртокот на контролен пункт пред седиштето на мисијата на НАТО „Решителна поддрпка“ во авганистанската престолнина Кабул, а локалните медиуми јавуваат за најмалку триесетина ранети и околу десет жртви.

Харис Џибран, портпарол на авганистанската разузнавачка служба, изјавил дека цел бил контролниот пункт. Пунтот се наоѓа во близина на седиштето на мисијата на НАТПО, и близи објектот на авганистанската разузнавачка служба. Дипломатски претставништва, вклучително и американската амбасада, исто така, се наоѓаат во истиот добро обезбедуван кварт Шаш Дарак на Кабул.

Авганистанската новинска агенција Pajwok јавува, повикувајќи се на извори во здравствените власти, за најманлку осум загинати и повеќе од 30 ранети. Телевизијата Tolo News, пак, јавува дека на местото на експлозијата има тешко оштетени 12 трансппортни возила, како и дека одговорноста за нападот паѓа на редикалното исламистичко движење Талибан.

Станува збор за веќе втор бомбашки напад во септември во Кабул и осуманесетти од почетокот на годината, Најмалку 209 лица се убиени и 1.016 се ранети во претходните напади.