Силна експлозија во центарот на Каиро

Силна експлозија утрово одекнала во центарот на Каиро, во близина на зградата на египетската полиција. Загинаа најмалку три лица, додека 30 се ранети.

Очевидци велат дека над дел од Каиро во која што се случила експлозијата се издигнува висок црн облак, а исто така има информации и дека во центарот на градот се случуваат пукања.

Локалните новини пишуваат дека зградата на полицијата во Каиро е оштетена и дека на лице место дошле бројни екипи на брзата помош.