Силни бури погодија делови од Полска и Чешка

Силни бури проследени со град погодија ноќта кон саботата делови од Полска и Чешка, уривајќи дрвја и носејќи покриви од куќи, а пријавени се и неколку повредени.

Во полското Поморје, историска област на северозападот на земјата која излегува на Балтичкото Море, во бурата се повредени седум лица меѓу кои двајца се пожарникари, пренесува новинската агенција PAP.

На локален пат во Чојница паднало дрво врз автомобил со пет лица, од кои две биле деца.

Пожарникарите во изминатите 24 часа интервенирале дури 3.700 пати ширум земјата, а во повеќето случаи станувало збор за интервенции поради уништени покриви и паднати стебла, како и два пожара предизвикани од секавици.

Без снабдување со електрична енергија во Полска останале 125.000 а во Чешка 1.200 домаќинства.