Силниот пад на увозот го скуси дефицитот во трговскиот биланс на САД

Американскиот трговски дефицит се намалил во ноември најмногу по речиси 14 години под влијание на остриот пад на увозот, особено на стоки за широка потрошувачка, што ја одразува домашната побарувачка во услови на значително повисоки трошоци за задолжувањето.

Кусокот во трговската размена на САД со остатокот од светот во ноември е намален за 21 отсто, најмногу од февруари 2009 година, спуштајќи се на 61,5 милијарди долари најниското ниво од септември 2020 година, објави во четвртокот американското Министерство за трговија.

Увозот паднал за 6,4 отсто, на 313,4 милијарди долари, при што увозот на стоки е намелен на 7,5 отсто, на 254,9 милијарди долари. Увозот на стоки за широка потрошувачка се спуштил на најниското ниво од декември 2020 година.

Извозот, пак, паднал за 2 отсто, на 251,9 милијарди долари, при што вредноста на стоковиот извор е намалена за 3 отсто, на 170,8 милијарди долари.

Исклучок биле извоз на возила, делови и мотори за автомобили кои го достигнал највисокото ниво од август 2019 година.

Американската централна банка Federal Reserve (Fed) минатата година драматично ја подигна референтната каматна стапка за 4,25 процентни поени, од речиси 0 во распонот од 4.25 до 4.50 отсто.

На декемвриската седница во Fed прогнозираа дека до крајот на годината ќе ги подигнат референтните каматни стапки за уште три четвртини од процентниот под. Повисоките каматни стапки го поддржаа американскиот долар, кој минатата година зајакна за 5,4 отсто во однос на валутите на шесте главни американски трговски партнери.

Поради силниот долар стоките произведени во САД се помалку конкурентни на глобалниот пазар. Побарувачката, исто така, ја подјадува циклусот на заострување на монетарните политики на централните водечки светски економии.