![1D83P-pozari-gasnjenje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/1D83P-pozari-gasnjenje.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Пожарот во охридското село Косел повторно се реактивирал, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој утрово рече дека пожарот кај Косел е под контрола и има горење само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење на пожарот.
-Повторно се јавува проблем со пожарот во селото Косел, Охридско, поради јакиот ветер истиот и покрај тоа што имаат 100 гасначи распоредени на просторот им избегал од контрола и повторно се реактивирал, информира Ангелов.