![zemjotres](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/zemjotres.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Силниот земјотрес што утрово беше регистриран во Централна Италија беше почувствуван во западните делови на Хрватска, долж Јадранско Море, во Словенија и во Босна и Херцеговина.
Централна Италија утрово во седум часот и седум минути беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, 64 километри источно од Римини и 35 километри североисточно од Пезаро, каде живеат 77.000 луѓе.
Потоа уследија последователни земјотреси со интензитет од 2,4 до 4,1 степени.
Земјотресот бил почувствуван во речиси цела Централна и Северна Италија.
Италијанска новинска агенција АНСА, повикувајќи се на очевидци, пожарникарите и цивилната заштита, објави дека земјотресот не предизвикал материјална штета.