Силно невреме во Австралија, делови од земјата без струја

Државата Јужна Австралија, во која живеат 1,7 милион луѓе, беше зафатена од силен ветар и пороен дожд. Бурата доведе до прекин на електричната енергија, предизвика и хаос по патиштата, луѓето ги заглави по лифтовите, а властите ги натера да ги предупредат жителите да не излегуваат надвор, посочуваат американските медиуми.

– Ова очигледно е доста големо невреме, кога може да оштети толку многу инфраструктура и да разурне толку многу од системот, рече премиерот на државата Џеј Ведрил.

Специјализирани екипи работат на обновата на електричната енергија, но отстранувањето на штетите веројатно ќе одземе часови и часови, изјави тој.

Метеоролозите очекуваат лошото време да продолжи до утре со ветар со бризина над 100 километри на час и врнежи до 10 сантиметри.

Според нив, оваа бура може да се покаже како најсилната во Јужна Австралија во последните 50 години, забележа ТАСС.