Силно невреме во Радовиш, поплавени улици и урнати ѕидови

Силно невреме кое траело неколку часа изутринава го зафати Радовиш.

Обилниот дожд ги поплавил улиците, а на одредени места попуштиле и потпорните ѕидови кои подоцна и се срушиле од надојдената вода.

Поплавени биле и повеќе објекти.