Продажбата на автомобили во Европската унија силно се зголемило во јануари, по послабиот декември, покажаа во вторникот објавените податоци на европската асоцијација на производители на автомобили ACEA.
Во јануари во ЕУ се регистрирани 851.690 нови автомобили, 12,1 отсто повеќе отколку во истиот месец лани, пресметале во асоцијацијата. Овој резултат покажува закрепнување на европскиот пазар на почетокот на 2024 година, по падот од 3,3 отсто во декември.
Во групата водечки пазари, продажбата на најголемиот пазар – Германија, најмногу пораснала во јануари, и тоа за 19,1 отсто. Италија, исто така, забележа двоцифрен раст, со стапка од 10,6 отсто. Заостанува Франција со раст на продажбата од 9,2 отсто, а Шпанија е на четврто место со стапка на раст од 7,3 отсто.
Пазарниот удел на електричните автомобили со батерии паднал на 10,9 отсто во јануари, од 18,5 отсто во декември, бидејќи скокот на продажбата не успеа да го надомести остриот пад од крајот на 2023 година.
Автомобилите на бензин ја потврдија водечката позиција со пазарен удел од 35,2 отсто, а на второ место се хибридните автомобили со удел од речиси 30 отсто, објави ACEA.