
Силното невреме кое вчеравечер го зафати кочанскиот регион направи хаос.
Улиците во Кочани беа претворени во реки, а возилата едвај се движеа од големите количини вода на асфалтот.
Атмосферската канализација не можеше да ја прими огромната количина вода. А, имаше и пријави за поплавени куќи, подруми, гаражи, влезови, паднати дрвја, како и прекин во снабдувањето со електрична енергија и интернет конекцијата.
Кочанските пожарникари беа излезени на терен и постапуваа по пријавите за испумпување на вода од поплавени улици и објекти.
УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Фото: Радио Кочани