Силувана велешанка со заостанат психички развој

Четириесет и осумгодишната велешанка Т.К. била силувана откако непознато лице влегло во домот преку незаклучена врата.

Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера околу 6:30 часот.

Сторителот во домот влегол преку незаклучената врата, а потоа во собата во која се наоѓале Т.К. и нејзиниот татко, двајцата со заостанат психички развој, по што го извршил силувањето.

По наредба на јавен обвинител врз жената е извршен лекарски преглед, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.