
Според информацијата од СВР Велес, вчеравечер во 18 часот, 21-годишно момче од неготинско село пријавило дека на 16-ти февруари околу 01:30 часот пред наплатната станица „Градско“ непознат сторител го присилил на полов однос.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, по наредба на Јавен обвинител момчето е упатено на медицински преглед.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.